Мени

Две бронзени медали за пливачите на „Атлета“ на натпреварување во Скопје

28.05.2026 11:08 | KumanovoNews

Две бронзени медали освоија членовите на Пливачкиот клуб „Атлета“ на „Орион куп“, кој викендов се одржа на Олимпискиот базен во Скопје.

Две бронзени медали за пливачите на „Атлета“ на натпреварување во Скопје

Со трето место на натпреварувањето се закити Јаков Хрдличка во категоријата 14-15 години, во дисциплината 100 метри градно, со време од 1:35.43. Данило Драшковиќ, пак, во категоријата до 8 години, го освои третото место на 50 метри градно со време од 1:19.45.

„Горди сме на трудот, дисциплината и спортскиот дух што секојдневно го покажуваат децата. Успехот е резултат на заедничка посветеност – трудот на пливачите, работата на тренерите и поддршката од родителите“, велат од „Атлета“.

На истото натпреварување, Лана Богдановиќ го освои шестото место во дисциплината 50 метри градно, Јаков Хрдличка беше шести на 50 метри градно, а Флоријон Рамадани го освои осмото место во истата дисциплина.