Еден починат и 22 новозаболени од коронавирус во Куманово

17.10.2020 - 22:35

 Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се 22 новозаболени, еден пациент починал од коронавирус.

Еден починат и 22 новозаболени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа се направени 2617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 303, Струмица 34, Тетово 26, Куманово 22, Штип 13, Крива Паланка 7, Свети Николе 2 и др.

Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Куманово (70), од Прилеп (67) и еден пациент од Богданци (75).  Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23201, бројката на оздравени пациенти е 17111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5266.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk