Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно момче загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што во 14.15 часот се случила на регионалниот пат Куманово-Пчиња, во близина на каменоломот Краста.
Според СВР до несреќата дошло кога џип, кој се движел од селото Пчиња кон градот изгубил контрола и излетал од патот, по што неколку пати се превртел и завршил во нива. При тоа на лице место починал Милко И. (28) од селото Пчиња, а со сериозни повреди се здобил Стефан Н. (20) од истото село, кој е пренесен на една од скопските клиники .
Едно лице е донесено на хируршкото одделение, со повреди на главата и скршеница на рбетот, поради што е пратено на клиника во Скопје, - вели Драган Тасевски, хирург
Според очевидци до несреќата дошло кога голф со голема брзина налетал на џипот, кој во обид да избедне судир слетал во нивата.