×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еднократна парична помош и ослободување од обврските кон Општината, бараат газдите на малите бизниси

    28.03.2020 11:40 | KumanovoNews

    Сопствениците на малите претпријатија од градот, пред се на бутиците, книжарниците, фризерските и козметички салони, школите за странски јазици, игротеките и автопералните, бараат од Општина Куманово да им помогне да ја надминат тешката финансиска состојба во која се најдоа поради кризата со коронавирусот во државата, во спротивно постои опасност 500 вработени да останат на улица.

    Еднократна парична помош и ослободување од обврските кон Општината, бараат газдите на малите бизниси

    Тие до нашата редакција доставија писмо кое го објавуваме во целост:

    Почитуван градоначалник, почитувани советници:

      Ние како мали или микро претпријатија кои најчесто бројат до 10 вработени и како правни субјекти од најразлични гранки, почнувајќи од бутици, книжари, фризерски и козметички салони, школи за странски јазици, игротеки, автоперални и останати не опфатени во ниту едно здружение или посебна Комора би сакале на овој начин да ги искажеме нашите барања и да ја информираме јавноста.  

    Сите ние без разлика на дејноста која што ја извршуваме во изминатиот месец и претстојниот период не сме во можност да ги плаќаме нашите обврски. Се разбира тука спаѓаат кирии, плати на вработени, режиски трошоци а кај многу од нас и рати за кредити.

    Некои од нас како што се центрите за странски јазици, теретани, спортски клубови и др.  со одлука на Владата, а како мерка за заштита од ширење на новиот коронавирус на ден 11.03.2020 престанавме со извршување на нашата дејност обука во училници и останати затворени простории. Останатите од истите причини или поради намалување на обемот на работата и дополнително создавање на трошоци како што се трошоци за затоплување, одржување на хигиена, дезинфекција беа принудени да ги затворат своите објекти. Со тоа сите наши приходи престанаа или значително се намалија, а останатите тековни прошоци како и плати за вработените продолжија да течат.

    Имајќи ја во предвид неизвесноста во моментот и случувањата со ширењето на вирусот и прогласувањето на вонредна состојба доколку не добиеме финансиска помош ќе бидеме приморани да ги затвориме своите фирми. Со тоа повеќе од 500 вработени и нивните семејства ќе бидат доведени на работ на преживување  со оглед  и на фактот дека на многумина им е семеен бизнис или единствен начин на приходи и егзистенција. Сите овие фирми освен егзистенција на голем број на семејства редовно си ги подмируваат сите обврски кон државата и другите институции.

        Согледувајќи ја моменталната состојба и неможноста за подмирување на нашите доспеани долгови, а и долговите кои ќе настанат во периодот што следи доколку не добиеме никаква помош ќе мораме да ги отпуштиме нашите вработени како прва мерка,а после тоа би следело наше понатамошно задолжување и на крај затворање на фирмите.

    Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и ќе ни помогнете во овој период кој е навистина тежок како за државата така и за нас како правни субјекти и со тоа би успеале да се справиме со настанатата финасиска криза и би продолжиле со својата дејност и редовно подмирување на сите обврски како и досега и по завршување на кризата.

    Имајќи ги во предвид горе наведените причини и проблеми нашите барања се:

    Ослободување од плаќање на Комунална такса за 2020 год и отпишување на долгот за 2019.

    Замрзнување на доспеани и нови долгови кон јавните претпријатија основани од Општина Куманово додека трае кризата.

     Еднократна парична помош во износ од 1000 евра.

    Сопствениците доставиле барање и до Владата.

    Имајќи ги во предвид горе наведените причини и проблеми нашите барања се:

    -    Субвенционирање на Бруто плати за управител и сите вработени за март, април и мај,

    -    Замрзнување на рати за кредити,

    -    Замрзнување на сите доспеани долгови кон јавни институции пред и за време на Вонредната состојба како и најмалку 1 месец по завршување на истата,

    -    Замрзнување на сите режиски трошоци додека трае кризата и најмалу 1 месец по завршување на истата,

    -    Давање на препорака на сите приватни лица кои издаваат деловни објекти за замрзнување на долговите на име на закуп.

    Писмото е потпишано од 113 сопственици на фирми од Куманово.

    Со почит,
    Неформално здружение на услужни и трговски друства од Куманово