Од понеделник до четврток патот „Св. Петка“ - Пелинце ќе биде повеќе часа затворен поради велосипедски трки
Регионалниот пат Куманово - Граничен премин Пелинце, од понеделник до четврток, ќе биде затворен по неколку часа дневно поради одржување на велосипедски трки во рамките на Европската младинска олимпијада.

Од СВР Куманово ја известиле Општина Старо Нагоричане дека на регионалниот пат Куманово граничен премин Пелинце потегот од село Младо Нагоричане од м.в „Света Петка“ до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце, во деновите 21,22,23 и 24-ти јули 2025 година ќе се одржат велосипедски трки.
„Од страна на полициски службеници од СВР Куманово ќе бидат превземени мерки и активности за безбедно одржување на велосипедските трки со повремено запирање на сообраќајот на возила, мопеди, велосипеди, пешаци и движење на добиток како и отстранување на паркирани возила покрај регионалниот пат Куманово према граничен премин Пелинце. Заради безбедно одржување на велосипедските трки, бараме од вас во временскиот период да ги организирате и рационализирате вашите оврски и потреби за користење на регионалниот пат, како не би го попречиле нормалното одржување на велосипедските трки“, стои во известувањето.
Според најавата, во понеделник 21. јули, од 08,00 до 14,00 часот, ќе биде запрен сообраќајот на регионален пат Куманово - граничен премин Пелице, на потег од раскрсницата за село Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во с. Пелинце.
Во вторник, 22. јули од 08,00 до 16,00 часот, ќе биде запрен сообраќајот на регионален пат Куманово - граничен премин Пелице, на потег од раскрсницата за село Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце.
Во среда, 23.јули од 09,00 до 14,00 часот ќе биде запрен сообраќајот на регионален пат Куманово - граничен премин Пелице, на потег од место викано „Света Петка“ до Меморијален центар АСНОМ во с. Пелинце.
Во четврток, 24. јули од 09,00 до 14,00 часот ќе биде запрен сообраќајот на регионален пат Куманово - граничен премин Пелице, на потег од место викано „Света Петка“ до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце.
Жителите од општината се прашуваат како ќе ги извршуваат секојдневните обврски, бидејќи патот „Свете Петка“ - Пелице им е единствената врска со градот, а проблем ќе имаат и туристите кои се помасовно го користат граничниот премин Пелинце.
Куманово заедно со Скопје наредната недела е кодомаќин на Младинската олимпијада. Кај нас ќе се натпреваруваат екипите во машка и женска кошарка, велосипедизам и планински велосипедизам.