Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Економското училиште „Перо Наков„ и новата училишна спортска сала се следните јавни установи што ќе се гасифицираат.
Екипите на Куманово-гас, интензивно работат на поставување на гасоводната мрежа до училиштето и се очекува наскоро да започне затоплувањето на гас.
Дадовме предност во приклучувањето на овие два објекти, бидејќи се работи за големи потрошувачи на гас. Според планот, потоа ќе продолжиме до централната градинка „Ангел Шајче„, и на улицата „Моша Пијаде„ -вели директорот Момчило Мирчевски.
Наредниот месец се очекува да се случат и првите приклучоци на гас и на домаќинствата. Досега ЈП „Куманово-гас„ изгради околу 13 километри секундарна мрежа, а инвестирани се близу 2,7 милони евра од Буџетот на општината.