Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Унико“ ресторан започнува со организација на забави со музика во живо, кои ќе се одржуваат секој викенд.
Сезоната ќе ја отвори познатиот македонски пејач Горан Тонев во петок на 20 септември, а веќе наредниот ден во сабота ќе гостува Мите Стоилов.
„За нашите гости воведуваме уште една новина, стартуваме со есенски викенд хепенинг. Забавите ќе започнуваат од 21 часот, а предвидено е гостите да уживаат во пријатна музика со познати домашни и странски хитови. Наша предност во однос на другите е во тоа што наши гости можат да бидат родители со деца, кои ќе ги остават своите деца во игротеката, во која работат воспитувачки“, велат од Унико.
Тие најавуваат и нови изненадувања во наредниот период, планираат да организираат повеќе културни настани кои ќе бидат проследени со пријатна музика за сите возрасти.
„Унико“ е ресторан за секоја пригода – од место каде што може да се испие првото утринско кафе, да се организираат деловни и семејни ручеци и вечери, до ресторан во кој може да се одржуваат родендени и семејни прослави.
Рестораните „Унико“ се со површина од 300 м2, со вкупен капацитет за 150 гости, надополнети со игротеката за деца од 170 м2, во која работи воспитувач за грижа на децата. Сите овие содржини ја прават понудата на „Унико“ единствена и поразлична од останатите, поради што е широко прифатена од гостите од сите генерации.
Комплексот „Унико“ се ноаѓа на ул. „Доне Божинов“ во приземјето на зградата на ФЗЦ. „Повелете Ве очекуваме“, порачуваат од менаџментот и вработените !
Вашите резервации може да ги направите на тел. број 075/833 - 033.
(ПР текст)