Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Ј. (34) од Куманово, за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Пријавениот, откако извршил преправање на податоци во сообраќајна дозвола за моторно возило – влекач и сообраќајна дозвола за полуприколка и изготвил фалсификувани меѓународна карта за осигурување на автомобил, полиси за осигурување за влекачот и полуприколката и сертификати со податоци на англиски јазик за извршени нивни тестирања, ги употребил како вистински во текот на 2008 и 2009 година.