×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фармер од Речица со “капка по капка“ до двојно повеќе пченка

    06.11.2014 12:43 | KumanovoNews

    Зоран Димитријевиќ, фармер од село Речица со системот “капка по капка“ годинава добил двојно поголеми приноси на пченка.

    Фармер од Речица со “капка по капка“ до двојно повеќе пченка

    На површина од еден хектар наместо 9 тони како порано, сега има произведено 18 тони пченка. Димитријевиќ вели дека системот “капка по капка“ е многу практичен, ефикасен и планира  со истиот да наводнува земјоделска површина од 20 хектари.

    “Ќе аплицирам со мерката 50-50 за да добијам систем “капка по капка“ за сите 20 хектари. Приносите се зголемени за 50 отсто. Сега пченката е погуста, со подобар квалитет, подобар клас, пополно зрно, поголем род. Го следев протоколот, ми праќаа смс пораки кога треба да ѓубрам, што да правам. Се заштедува на време, ќе го вкулчам “капка по капка“ и си бркам друга работа “ - објаснува фармерот.

    Американскиот амбасадор, Пол Волерс рече дека 15 фармери во североисточниот регион, или вкупно 120 во земјава на ист начин ги зголемиле приносите.

    “Сите од нив успејаа да ги дуплираат, ако не и трипати да ги зголемат приносите на пченка. УСАИД Македонија и Американската амбасада повеќе од 20 години работат на полето на Македонија со цел да се поддржи земјоделството во Македонија, да се поддржат сите овие мали фарми. Ние сакаме тие себеси да се сфатат како агро бизниси, како мали бизниси што може да растат и во кои може да се вложува. Како што тие ќе растат, тоа ќе има позитивно влијание на економијата“ - кажа Волерс.

    Тој додаде дека во наредните две години ќе инвестираат во производството на пченка за да Македонија не зависи од увоз, да се отворат нови работни места и да се поврати инвестицијата од 100 милиони евра.

    На терен во Речица беа присутни градоначалниците од регионот при што градоначалникот Зоран Дамјановски во својство на претседател на североисточниот плански регион кажа дека ги поддржуваат проектите на УСАИД.

    “Поддршката на малите бизниси е нешто што Македонија ќе ја води напред. Справување со сиромаштијата, со невработеноста, единствен пример е да се креираат нови работни места, да се зголеми економскиот капацитет на Македонија и тоа е начин како треба да се едуцираат другите фармери за подобрување на општата клима во Република Македонија“ - изјави Дамјановски.