Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ф.Ј.(27) од Средорек ја ограбил продавницата „Елида„ на улицата „Доне Божинов„ во Куманово.
Разбојникот го препознале продавачките по што бил приведен во полиција. Истражен судија од кумановскиот суд му одредил притвор од 30 дена за сторено кривично дело „разбојништво“. Грабежот се случи пред десетина дена, кога од продавачката биле одземени 16.500 денари од дневниот промет. Ф.Ј. е познат сторител на кривични дела: измами, тешки кражби и уцени, поради што бил приведуван и суден.