Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Рамиз З.(22) од Куманово е приведен во кумановската полиција, под сомнение дека вчера го убил Бранко Петрушевски (62) и ја ограби менувачницата „Дај-Дам„ во центарот на Куманово.
Убиецот бил откриен, откако бил пронајден неговиот мобилен телефон кој му паднал додека го вршел вооружениот грабеж. Откако Рамиз бил приведен во полицијата му била извршена и парафинска ракавица која покажала дека има барутни честички на облеката.
Обвинетиот е спроведен пред Истражен судија за сторено кривично дело убиство од користољубие. Од полицијата велат дека во грабежот учествувале повеќе лица, поради што се приведени уште неколку лица, и се работи на пронаоѓање на парите.
Петрушевски беше убиен вчера околу 7 часот наутро, со три куршуми во грбот, при што му беа одземени 44 илјади евра.