Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопружниците А.Г.(48) и В.Г.(40) од Софија се фатени во селото Табановце како мамат жителите дека ќе им растурат црна магија ако им платат.
Тие викендов влегле во дворот на Б.С.(56) и ја излажале дека знаат да гледаат на икона. При тоа побарале 15 илјади денари за да и помогнат, и да ја растурат црната магија која е направена на нејзините синови да немаат деца. Бидејќи домаќинката имала само 100 денари, бајачката оставила број од мобилен телефон да ја побара кога ќе ги собере бараните пари. Потрагата по лесна заработувачка ја продолжиле кај М.Д.(29) , на која и рекле дека ќе и умре сопругот ако веднаш не ја растурат магијата што ја направиле нејзините соседи. Тврдејќи дека се пратени од господ за да и помогнат за услугата побарале 150 евра и 1500 денари. Лаковерната жена за да го спаси сопругот им ги дала бараните парите, по што тие си заминале.Откако жителите видел дека бајачите крстосуваат по селото ги пријавиле во полиција. Приведени се предаден на Истражен судија под соменение дека сториле кривично дело измама и помагање на истото.