Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски на необичен начин воведува ред и дисциплина во претпријатието.
Тој вчера на своите вработени им нареди по ФБ, сите да се исклучат од мрежата за да не мора тој да интервенира.
Вака изгледаше преписката во 13.22 часот:
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ до сите вработени во ЈП „Водовод„ Куманово. МОМЕНТАЛНО ДА СЕ ИСКЉУЧИТЕ ОД Facebook, и да земете да работите, да не го исклучувам јас FB од вашите компјутери!!!!
Заканата предизвика доста коментари меѓу неговите ФБ пријатели.Дел го прашуваа дали забраната се однесува и на директорот, бидејќи и тој е често присутен на ФБ, а други го подржаа во тренирањето на строгост.
Во понатамошната преписка со пријателите, првиот човек на кумановскиот „Водовод„ објаснува дека се одлучил на ваков чекор бидејќи 10 до 15 вработени се постојано на ФБ, што не добро за работата во претпријатието. Заради тоа уследила забраната за користење на социјалната мрежа во работното време.
И другите директори на јавни претпријатија, институции и установи би можеле да проверат што прават нивните вработени додека се во канцелариите, бидејќи често граѓаните се жалат дека додекa тие чекаат да завршат некоја работа, службениците четуваат на социјалните мрежи.