×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фирмите што не поднесат завршна сметка ќе бидат избришани во ЦР

    15.12.2014 14:26 | KumanovoNews

    Трговците поединци и трговските друштва кои до крајот на месецов нема да поднесат годишна сметка за 2013 година, или нема да пријават упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена, ќе бидат земени во постапка за бришење.

    Фирмите што не поднесат завршна сметка ќе бидат избришани во ЦР

    Ова е предвидено согласно измените на Законот за трговски друштва, кои стапуваат на сила од 1 јануари 2015 година.За основачите, управителите и за членовите на органите на управување на друштвата кои ќе бидат избришани по овој основ, во Законот за трговски друштва се предвидува забрана за основање и управување на нови друштва за време на постапката за бришење и три години по бришењето.

    Централниот регистар го врши уписот на адреса на електронско сандаче по прв пат без надомест до крајот на 2014 година.