×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фондацијата за култура и спорт со дефинирани надлежности

    11.02.2011 19:00 | KumanovoNews

    Фондацијата за култура и спорт ќе ги организира културните манифестации во градот во наредните пет години.

    Фондацијата за култура и спорт со дефинирани надлежности

    Основна задача на Фондацијата ќе биде да обезбедува сретства за концерти и настани кои се дел од културниот живот на Општината. Денеска градоначалникот Зоран Дамјановски и директорот на фондацијата Нино Величковски потпиша договор се кој се пренесоат дел од надлежностите од локалната самоуправа на новата фондација.

    Фондацијата е формирана пред една година од страна на локалната самоуправата, и има задача да ги имплементира програмите од културата што ги  донесува Советот на Општината. Одреден дел од  културните случувања ќе се одвиваат преку Фондацијата, во соработка со Секторот за култура. Се надевам дека оваа соработка ќе биде успешна и ќе даде поголем квалитет во работата.  Поради потребите стручно да се работи во културата, се наметна потребата дасе  формира фондацијата како правен субјект, која преку комерцијална сметка ќе обезбедува сретства од спонзорства и донации за организирање на културни и спортски настани- рече градоначалникот Дамјановски.

    За укажаната доверба се заблагодари директорот Величковски, и вети дека ќе го дадат својот максимум за ги остварат предвидените очекувања.

    Една од круцијалните улоги на фондацијата е да донесе сретства со кои ќе се збогати културниот и спортски живот во градот, пред се преку апликации на проекти и програми во ресорните министерства, и пристапните фондови. Во делокругот на работењето спаѓа и спортски активности со Сојузот на спортови, масовниот спорт и многу други, кои се строго дефинирани во однос на Секторот за култура - рече Величковски.

    Куманово важи за  град со изградена традиција за организирање на концерти со познати македонски и балкански звезди, со префрлањето на надлежностите на фондацијата се очекува многу побогат културно-забавен живот во градот.