×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Формирано здружение „Козјачијата во срцето„

    10.09.2010 07:12 | KumanovoNews

     Во општина Старо Нагоричане се формира Здружение на граѓани „Козјачијата во срцето„, кое ќе работи на ревиталилизацијата на економски неразвиениот и запоставен Козјачкиот крај.

    Формирано здружение „Козјачијата во срцето„

     Основна определба на Здружението е да се помогне во     Дел од активностите ќе се планираат според локалните услови и можности се насочени кон:

    1. Лобирање за подршка и финансирање на проекти за стопански развој, како и создавање на услови и враќање на што поголем број на луѓе во селата на Козјачијата.

    2. Анимирање на донатори на проекти за изградба на патишта, водоводи, како и други инфраструктурни потреби на населението од овој крај.

    3. Мотивирање на инвеститори за вложување на инвестиции за формирање на мали и средни бизниси.

    4. Вклучување на Општината Старо Нагоричане во проектите насочени кон решавање на проблемите, кои се однесуваат во подобрување на животните услови во селата од Козјачијата кои се во состав на општината. Изработување на заеднички проекти и партнерски однос во реализација на истите.

    5. Негување и збогатување на културните традиции и културно-историскотот богатство на областа Козјачија со поттикнувањето и пружање помош за организација на културно-забавните манифестации.

    6. Иницирање санација и одржување на семејните куќи и други значајни објекти во селата од Козјачијата со цел да се оспособат за живеење како и за привлекување на луѓе за развој на селски туризам.

    7. Активности за организирање стручни средби, трибини и предавања за развој на сточарството, земјодерлието, овоштарство и пчеларство. Тоа се стопански гранки кои можат да се развиваат на овие простори.

    8. Изработување и реализирање на истражувачки проекти за откривање на вкупните потенцијали на областа Козјачија.

    9. Активности за нега, морална и материјална подршка на стари, изнемоштени и хронично болни лица кои живеат во селата на овие простори.

    Со своите активности Здружението ќе започне во најскоро време, пред се во организирање на „Бајловски Средби„, кои ќе се одржат на 03 октомври.Седиштето ќе биде во село Бајловце, а претседател е Зоран Бојковски.