×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фото-робот на балкански политичар

    08.01.2011 11:01 | KumanovoNews

     Идеалниот политичар би требало да биде згоден како Тадиќ, богат како Ѓукановиќ, ефикасен како Динкиќ, начитан како Јосиповиќ, националист како Додик, пишува белградска „Политика„.

     

    Фото-робот на балкански политичар

    Покрај наведените особини, идеалниот политичар во Србија би требало да биде лукав како Дачиќ, загрижен како Николиќ и модерен како Јовановиќ.

    Балканскиот политичар го дефинира изреката дека тој човек едно мисли, друго работи, а трето зборува.

    Авторот на текстот во „Политика„ прашува дали политичарот навистина треба да биде таков, и каков би бил фото-роботот на идеалниот политичар ако би бил составен од најпосакуваните карактеристики на нас најблиските, оние од земјите на поранешна Југославија?

    „Згоден како Тадиќ, богат како Ѓукановиќ, ефикасан како Динкиќ, начитан како Јосиповиќ, националист како Додик, лукав како Дачиќ, загрижен како Николиќ и модерен како Јовановиќ.Никаде на светот не постои класична школа за политичари.Успешноста во политиката е редок спој на талент, личен шарм, исклучителен инстинкт и упорност -дава концизен одговор сопственик на консултантска фирма која работи комуникациски кампањи.

    Оние кои се успешни во својата работа, имаа семејни обврски, се занимаваат со спорт-едноставно немаат доволно време да посветат на партиската работа. Затоа се почесто во повеќе партиските политички партии победуваат они кои имаат повеќе слободно време, и оние кои во моментот на зачленувањето на партијата се невработени, безработници и неостварени на други полиња.

    Професор од Институтот за општествени науки дава конкретна и комплетна слика на идеалниот политичар на Балканот, и вели дека помеѓу другото, би требало да има физички изглед, такт и харизма на Борис Тадиќ и широка култура на на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, кој е универзитетски професор на право, но и професор композиције на музичкој академии.

    Покрај тоа, треба да поседува енергија, прагматичност, интелигенција и шарм на Зоран Џинџиќ, разборитост и смиреност на Милорад Пуповац, лидер на Србите во Хрватска, како и чесност, скромност во матерјаните работи и некорумпираност на Војислав Коштуница.

    Значи, фото-роботот на идеалниот политичар е учен и културен човек со социјалдемократска провиненција, кој ќе го разбере својот народ и неговите потреби, ама и потребите на целиот регион, па наместо судири ќе носи стабилност, безбедност и благосостојба.