×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Газда отворил стечај па уништил деловни книги

    21.02.2014 16:16 | KumanovoNews

    З.Ј.(42) од Куманово отворил стечај за својата фирма и уништил деловни книги со што ги оштетил доверителите.

    Газда отворил стечај па уништил деловни книги

    Тој во мај лани отворил стечај за фирмата ДТУ“С.К“ увоз - извоз Куманово, на која бил управител и сопственик. По отварање на стечајната постапка е утврдено дека на завршната сметка во 2005 година фирмата имала залиха на материјали во износ од 1.220.309 денари. Сумата била доволна за обештетување на доверителите, но З.Ј. овие пари ги присвоил без да ги прокнижи и ја уништил документацијата.

    З.Ј. ги оштетил доверителите за 687.477 денари. Тој ќе одговара за „оштетување или повластување на доверители“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.