Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчерашниот појадок на Камениот мост во Скопје покажа колку е гладен македонскиот народ. Таму имаше и наши членови, кои гладни ја изгубија самопочитата пред немаштијата...
Стечајните работници и технолошки вишок во среда повторно ќе заминат на протести во Скопје. Според претседателката на УНИТ Љиљана Георгиевска, протестите ќе започнат од пред ССМ, каде ќе се бара подршка од новото раководство, во 11 часот ќе го искажат своето незадоволаство пред Собранието, а од 14 до 16 часот пред Владата.
Вчерашниот појадок на Камениот мост во Скопје покажа колку е гладен македонскиот народ. Жална е сликата луѓето да се тепаат за храна и да полнат кеси за да однесат дома на своите семејства.Таму имаше и многу наши членови, народот гладен ја изгуби самопочитата пред немаштијата. Затоа уште еднаш бараме од премиерот да изнајде решение за оваа категорија луѓе и да ставиме крај на повеќегодишната агонија - рече Георгиевска.
Стечајците покрај месечната исплата од 6000 денари,сега од државата барат да им го плати стажот на сите работниците кои тоа не го сториле фирмите кај работеле. Поаѓањето од Куманово е закажано во 9 часот од пред зградата на Комитет.