Гимназијалци ќе даруваат крв
03.10.2012 08:09
| KumanovoNews
Утре ќе се оддржи крводарителска акција во гимназија “Гоце Делчев“ од 8 до 13 часот.
Црвен крст соработува со средните училишта години наназад. Секоја година наесен и во пролет средношколците имаат можност да даруваат крв и се покажаа како доста хумани. Интерес за дарување на крв има, и во просек се собираат по 60 единици крв на една акција- велат од Црвениот крст.