×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мила Смилевска освои прво место на државен натпревар по англиски јазик

    12.05.2025 11:52 | Оливера Пешевска

    Мила Смилевска, ученичка од 3 година во Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово освои прво место и прогласена е за најдобра на државниот натпревар по англиски јазик, кој викендов се одржа во Скопје.

    Мила Смилевска освои прво место на државен натпревар по англиски јазик

    На натпреварот учествувале над 70 ученици од средни училишта од државата.

    „Вежбавме многу и постојано, и ги поминавме класификационите чекори освојувајќи прво место, на локално и регионално ниво, за да стекнатото знаење и вложениот труд се потврдат на државниот натпревар. За Гимназијата настапувам по трети пат, а имам настапувано и додека бев во основно училиште“, објаснува Мила.

    Таа почнала англискиот јазик како предмет да го учи од прво одделение, но ѕнаењето го дополнувала  и преку филмови, книги и курсеви за странски јазик. Сега размислува и се изразува подеднакво добро и на мајчиниот- македонски и на англискиот јазик.

    Нејзина менторка е професорката по англиски јазик Елена Марковска, која вели дека е задоволство да се работи со толку посветен, концентриран и дисциплиниран ученик.

    „Мила по трети пат, од исто толку настапи е меѓу најдобрите во државата. Поседува голема љубов кон англискиот јазик, одлично познавање и користење на истиот, но сепак многу пожртвувано се подготвува за натпреварите. Секако влијае и натпреварувачкиот дух кој го поседува, но и желбата да победува“, посочи професорката Марковска.

    Иако Мила се радува на досега постигнатиот успех, сепак поголема возбуда чувствува за настапот на меѓународната ХИПО олимпијада, која се одржува во Лидо Ди Јесоло, Италија. По трети пат ќе учествува и на оваа натпреаврување, као единствен претставник од Македонија.

    „Преубаво е чувството да се натпреваруваш со деца од целиот свет. Минатата година бев третопласирана, пред тоа го освоив второто место, но во тие два обиди не го освоив првото место со кое ќе се клафицирам за светското финале. Ова година претендирам на победа и да се натпреварувам на повисоко, светско ниво“, објаснува Мила.

    Таа инаку е Хипо- 5 категорија, што значи највисоко квалифицирана да се натпреварува на олимпијадата.

    Месецов за Мила Смилевска е доста напорен, и со прилично збиена агенда. Веќе се подготвува за училишната екскурзија во Италија, а веднаш по враќањето заминува на олимпијадата по англиски јазик.

     Државниот натпревар го организираше ЕЛТАМ- Здружение на наставници по англиски јазик на РСМ. Здружението е акредитирано за организација на општински, регионални и државни натпревари на национално ниво.