×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пехар за прво место и повеќе медали за атлетичарите на Куманово на Државно првенство во Скопје

    12.05.2025 15:38 | Оливера Пешевска

    Пехарот за освоено 1 место и во женска и во машка конкуренција им припадна на атлетичарите на АК Куманово на Државното екипно првенство под 14 години, кое викендов се одржа на националната арена „Тодор Проески“, по повод Светскиот ден на атлетиката.  

    Пехар за прво место и повеќе медали за атлетичарите на Куманово на Државно првенство во Скопје

    На првенството учествуваа 20- тина екипи од земјата. 

    Значителен успех остварија и сениорите, кои на Атлетскиот митинг освоија 3 златни, една сребрена и 2 бронзени медали.


    За женската екипа настапија Јана Анастасовска, Ксенија Иванчевиќ, Клара Спасовска, Јована Ангеловска и Ева Голубовска. Во име на машкиот тим на клубот се натпреваруваа Јан Вуковиќ, Петар Груевски, Даниел Додевски, Бојан Чоробенски, Алекс Мартиновски, Давид Јакимовски, Алексеј Спасовски и Лука Трајковски.

    Иако значително помлади учество земаа и Стефан Ивановски, Дамјан Ристов, Јована Станојковска, Анабела Лазаревска.

    „Иако не бевме најбројна екипа сите натпреварувачи остварија забележителни резултатие, беа меѓу првите три места, па во вкупниот збир се пласиравме на првото место. Нашите атлетичари речиси редовно освојуваат награди и медали, што само го докажува квалитетот на спортистите и посветеноста на тренерите“, истакна Филип Колевски, претседател на АК Куманово.  

    Во сениорска категорија, поединечно злато освои Теа Алексовска, во фрлање на диск, Михаил Стошевски во трката на 110 метри со пречки и Дијана Вукановиќ, трка на 100 со пречки. Стошевски освои и сребро за скок во височина, а Дијана Вукановиќ успеа да стаса и до бронза во дисциплината трка на 200 метри. Марио Пешевски беше третопласиран и освои бронзен медал во дисциплината скок во височина.  

    Пионерите под 16 години Миа Голубовска и Ведран Николовски во трката на 200 метри го подобрија своите лични рекорди, па и тие се истакнаа со своите постигнувања.

    На митингот за Детска атлетика, кој се одржа кон крајот на април, сребрен медал во скок во далечина освои Даријан Златковски, а Алек Доневски и Лена Ивановска во трката на 60 метри и скок во далечина беа меѓу 5- те најдобри на митингот.