×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Го соблекол гол на улица сред бел ден

    02.04.2012 07:26 | KumanovoNews

     П.М.(25) од Куманово во сред бел ден останал без јакна и блузон, откако наркозависник со нож го натерал да ги соблече и да му ги даде.

    Го соблекол гол на улица сред бел ден

    Инцидентот се случил викендов, спроти Општата болница Куманово. Напаѓачот,  за кој момчето знаело дека е корисник на наркотични дроги, го следел додека се движело по ул.,,11-Октомври„, од центарот на градот кон периферијата. Откако П.М. излегол од аптеката во која земал лекови, го пречекал наркозависникот кој започнал разговор со него и го повикал да заминат зад зградата да му покаже нешто.Кога стигнале таму, тој извадил нож и се заканил дека ќе го заколе ако не му ги даде јакната и близата во кои е облечен. Откако го соблекол и му ја одзел облеката насилникот побегнал. П.М. го пријавил случајот во полиција, и се работи на пронаоѓање на разбојникот.