×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Годишни даночни пријави до 15 март

    09.02.2011 15:15 | KumanovoNews

    До 15 март, граѓаните треба да ги поднесат годишните даночни пријави со кои треба да ги пријавите сите приходи кои сте ги оствариле, во земјата и во странство, во текот на изминатата 2010 година.

    Годишни даночни пријави до 15 март

    Збирна пријава имаат обврска да поднесат сите граѓани кои остваруваат дополнителни приходи по основ на кирија на станбен или деловен простор, приход од авторски права и права од индустриска сопственост, исплатена дивиденда или камати по основ на заем кој сте го дале на физичко или правно лице,капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза, учество на капитал и недвижен имот, добивка од игри на среќа, лични примања од странство, работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација и "други приходи".Доколку граѓаните не ги пријават приходите ќе се соочат со казна од 500 до 1000 евра- рече Војкан Димковски, шег на службата за утврдување на даноци.

    Исплатувачот на приходи има законска обврска да ви ја достави пресметката најдоцна до 15 февруари 2011 година.

    Немаат обврска да поднесат Годишна даночна пријава, само граѓаните што остваруваат приход од плата, пензија, од земјоделска дејност или самостојна дејност.

    Од УЈП Куманово, препорачуват граѓаните обврската да ја исполнат навремено, со цел да го избегнат метежот во даночните канцеларии во последните денови пред истекот на рокот за поднесување на даночната пријава.