×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес за обука на книговодители, негователи и фризери

    24.12.2020 13:24 | KumanovoNews

    Дваесет и три лице се вклучиле во обуката занимања, којашто се спроведува преку Центарот за вработување на Куманово, a e наменета за корисниците на загарантирана минимална помош, со цел да се зголеми конкурентноста на оваа група на пазарот на трудот.

    Голем интерес за обука на книговодители, негователи и фризери

    Од 23 ангажирани лица, 9 се вклучени како негуватели на стари и немоќни лица, ангажирани преку Техничкото училиште „Наце Буѓони“, 7 лица се вклучени како службеници во книговодство преку образовниот центар „Визија“, додека пак останатите 7 лица се вклучени во обука за фризер, преку фризерското студио „Нате“.

    Невработените лица преку оваа мерка добиваат надомест 7.411 денари во нето износ. Загарантираната минимална помош нема да им биде укината за времетраењето на обуката.

    Марија Димитријевска, раководителот на Центарот за вработување во Куманово, на денешната прес-конференција ги повика лицата коишто се корисници на загарантирана минимална помош активно да се вклучат во процесот на барање на работа, затоа што на тој начин си помагаат на самите себеси, станувајќи обучени и поконкурентни на пазарот на трудот.

    „Имавме доста голем интерес за оваа мерка, околу 41 лице се пријави за да учествува во оваа обука. Некои се откажаа поради објективни и лични причини, но имавме за некои занимања како што е негувател на стари и изнемоштени лица поголема заинтересираност од оние 9 кои се ангажирани, но поради ковид мерките мораше да се ограничи бројот. Сакам да ги повикам ранливите категории да се вклучат активно во процесот на барање на работа, имаме повеќе мерки кои преку ИПА проектот се наменети специјално за корисниците на гарантирана минимална помош“, додаде Димитријевска.

    Таа, воедно, упати апел и до работодавачите, да се верификуваат преку Центар за образование на возрасни и Министерство за образование и наука и да се пријават како спроведувачи на обука, бидејќи бенефитот е обостран.

    Оваа мерка се спроведува во рамки на ИПА проектот за активација на ранливи групи на пазарот на труд, врз основа на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2020 година.

     (Ф.М.)