×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гордост е да се носи националниот дрес, вели Јована Кипријановска пред Европското првенство во ракомет

    26.11.2024 08:51 | Оливера Пешевска

    Ракометарката Јована Кипријановска (22) од Куманово ќе игра за македонската репрезантација на Европскот првенство во ракомет за жени, кое од 28 ноември до 15 декември ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Унгарија.

    Гордост е да се носи националниот дрес, вели Јована Кипријановска пред Европското првенство во ракомет Фото: Ракометна федерација на Македонија

    Првиот натпревар ќе го играат во четврток против Шведска,  а во групата А се и екипите на Турција и Унгарија. Македонските репрезентативки изминатите денови во Хрватска играле два контролни натпревари, против домаќините и екипата на Србија.

    „Ги одигравме тие натпревари за да видиме како стоиме со тактиката, колку сме уиграни како тим, сите добивме шанси. Денеска, 26 ноември со голем ентузијазам и верба тргнуваме кон Дебрецин – Унгарија,  иако сме млада екипа, имаме поголема самодоверба, подобро се познаваме и во тимот и приватно. Навистина е голема чест да се носи националниот дрес и ветувам дека ќе сториме се што можеме, иако ни се падна прилично силна група“, истакна Јована Кипријановска.

    Таа вели дека акцент е ставен на натпреварот против Турција, но не се исклучени изненадувања против другите две екипи. 

    Според Јована младешката желба за успех, докажување, зачинет со малку балкански инает може да биде рецептот за позитивен резултат против подобро рангираните Шведска и Унгарија. Верба им влеваат и добрите настапи на квалификационите натпревари против Литванија и Азербејџан, а по поразот од шпанската екипа Македонија се позиционирала на второто место на табелата.

    Со нови тактики под раководство на селекторот Кристијан Грчевски, веќе се  етаблирани за млад и талентиран тим од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

    „Сега сме во подобра ситуација од пред две години, но континуираноста носи поголема одговорност за секоја од нас. Со посебно почитување го носам македонскиот репрезентативен дрес, мислам дека сме подготвени и во топ форма за настап. Се надевам дека со малку среќа имаме шанси за успех и дека ќе ја израдуваме публиката“, потенцира Кипријановска. 

    Таа игра на позицијата десен бек, го носи дресот со број 30, а во рамките на националните ракометни шампионати веќе трета сезона настапува за екипата на Ле Самбр Авенуа во Франција, кои од оваа година настапуваат во Првата лига. Започнала да игра во Женскиот ракометен клуб Куманово се до 2019 година, а била членка и на младинската женска репрезентација.

    Македонскиот национален тим настапува во состав Матеа Чурлиновска, Драгана Петковска, Јована Мицевска, Сара Ристовска, Ивана Арсениевска, Ивана Џатевска, Симона Маџовска, Бојана Диневска, Јована Саздовска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Елена Ѓорѓиевска, Сара Стефаноска, Теодора Дукоска, Марија Јанкуловска, Катерина Дамјановска и Нена Нестороска. 

    (фото. РФМ, приватна архива)