Градинката и училиште ќе работат на ран детски развој
Градинката „Анѓел Шајче“ и основното училиште „11 октомври“ се единствените воспитно - образовни иституции во градот кои ги спроведуваат програмите за ран детсти развој.

Вработените во градинката се комплетно обучени од експерти од УНИЦЕФ за реализирање на програма , а од месец јуни и во „11 октомври“ има Центар за ран детски развој.
Опфатени се деца од предучилишна возраст, односно од 3 до 6 години. Ефектите се видливи во целокупниот социо-национален развој на децата од сите аспекти. Засега ни се вклучени овие две установи од Куманово и до крајот на годината така и ќе остане - велат од УНИЦЕФ.
Рано учење и развој почна да се спроведува пред неколку години на иницијатива на УНИЦЕФ, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика. Во повеќе населени места во земјава има Центри за ран детски развој.