×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните не ја препознаваат дискриминацијата

    29.11.2010 14:52 | KumanovoNews

     Во регионалната канцеларија на Народниот правобранител во Куманово, во изминатите 4 години биле пријавени само 4 случаи на дискриминација.Искуството покажало дека граѓаните немаат јасна слика за оваа појава, која е присутна во нашата средина.

    Граѓаните не ја препознаваат дискриминацијата

     Тројца граѓани се пожалија на дискриминација по основ на правична застапеност во институциите на конкурси за вработување, додека еден случај се однесува на нерамнопрвана положба на граѓанин во однос на други граѓани. Се жалеше во управна постапка, каде во слична ситуација други  граѓани го оствариле своето право, а тој не добил објаснување зошто е одбиен.Според етничката застапеност се работи за 1 Македонец, двајца Албанци и 1 Ром -рече Насер Весели заменик народен правобранител во Куманово.

    Унапредување на соработката на централната власт и локалната самоуправа со Народниот правобранител беше темата на денешната тркалезна маса што се одржа Куманово.За концептотот на недискрмининација во работата на државната власт, органите на единиците на локалната самоупрвава, јавните установи и служби, пред претставниците од невладиниот сектор, локалната самоуправа и останатите институции говореше Иџет Мемети, народен првобранител на Република Макеоднија

    Организирањето на вакви трибини во одредени градови во Македонија имаат за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за вакви појави, а од друга страна да ги отворат институциите кои одлучуваат за правата на граѓаните.На овој начин сакаме да им помогнеме на лицата кои се жртви на дискриминација да имаат начин да се заштитат, да ја препознаат оваа појава и да знаат каде да се обратат -изјави Мемети.

    Тркалзените маси се организираат во соработка со мисијата на ОБСЕ и шведската агенција СИДА.