×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните рационално да ја трошат водата

    19.06.2013 13:50 | KumanovoNews

     Од ЈП “Водовод“ апелираат до граѓаните одговорно да ја трошат водата од градската мрежа за да не дојде до недостиг во повисоките зони.

    Граѓаните рационално да ја трошат водата

    Тие ги предупредуваат кумановци да не ја употребуваат водата за полевање бавчи, тревници и да не мијат возила и дворови.

    Од претпријатието информираат дека во моментот има доволни количини на вода, со дотур на 310 литри во секунда од кои 210 литри се од Филтер станицата, а остатокот од бунарите во Проевце и Бедиње.

    Со ваков дотур на вода до пред три дена водоснабдувањето во градот беше нормално. Меѓутоа сега како резултат на зголемени дневни температури, се зголемува и дневната потрошувачка на вода од страна на корисниците -изјави  Драган Јаневиќ, заменик директор во ЈП „Водовод„.

    Според него проблемот ќе настане ако Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“ навреме не го пушти водот на т.н. Бај-пас.

    Долколку бај-пасот не биде ставен во функција навреме ќе се јават одредени застои во снабдувањето со вода. Јас се надевам дека ќе имаме разбирање од Водостопанство Кумановско-липковско поле, и со пуштање на т.н. Бај-пас водоснабдувањето ќе се нормализира. Секако дека поволна околност е и тоа што акумулациите се на задоволително ниво-рече Јаневиќ на денешната прес-конференција.

    Од Водостопанство тврдат дека „Водовод„ до нив не доставил писмено барање за пуштање на водот. Кога ќе го добијат ќе го разгледаат на УО, но нагласуваат дека „Водовод„ не го сервисира долгот според договорот.