Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска организираше прием за најдобрите ученици во основните и средни училишта во градот. На 19 ученици на генерацијата градоначалникот им врачи дипломи и монографии на Куманово.
Натпреварувачки дух меѓу учениците во основните и средните училишта и вашиот успех дава пример на младите повеќе да вложуваат во знаењето и што влијаат потикнувачки на едукацијата на идните генерации кои ќе го водат овој град и целиот регион во иднина.Од се срце од мене лично и мојата администрација во име на сите граѓани ви ја честитам оваа награда.Овој ваш успех е преку континуирана работа со години наназад и е голем достигнување. Со овие награди се китите вие, а пред се нашиот град бидејќи имаме таква генерација која достојно го презентира градот и го подига на повисоко ниво.Овие потенцијали се богатство на нашиот град кои во иднина ќе го носат на местото на кое и припаѓа - рече градоначалникот обраќајки им се на учениците.
Во знак на благодарност на одвоеното врме, наградените му врачија подарок на градоначалникот.
Да се биде прв е многу убаво чувството, а уште поубаво кога другите ќе го споделат со тебе, заради тоа вреди да се учи да се развива и напредува.Се надевам дека овие резултати вредно ќе ги оправдам и во гимназијата -вели Тамара Николовска , ученик на генерацијата од ОУ „11 Октомври„.
Приемот на учениците на генерацијата го организира Здружението на просветни работници.