×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот и релевантните фактори повикаа на соживот

    11.05.2015 17:42 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска се сретна со претставници на невладини организации, месни заедници, верски заедници и други релевантни фактори од градот, за да испрати порака за мир и соживот.

    Градоначалникот и релевантните фактори повикаа на соживот

    Сите нив ги повика да делуваат во своите средини каде се авторитетни, за да нема посериозни проблеми и тензии во иднина. Дамјановски кажа дека ќе се направи проценка на материјална штета, и проценката ќе биде испратена до Влада на Република Македонија. Тој вели дека историјата ќе покаже зошто вооружен напад имаше во Куманово.

    Ако имаме вооружени терористички групи кои немаат мотив и цел, немаат политичка поддршка од ниту една политичка партија во државата, од ниту една политичка партија во соседните држави, не знам кои се нивните мотиви. Мотивите беа некои кратки, нејасни, кои не се легитимни во овие региони, не ни укажуваат на сериозноста на ситуацијата. Оставам институциите на државата да откријат, а се надевам дека историјата многу поубаво ќе покаже зошто се случи ова, кои се инспираторите, нарачателите и режисерите на ова - изјави градоначалникот.

    Дије Арифи, вработена во општина Липково предложи обештетувањето на граѓаните чии домови се разрушени да биде базирано на правна основа и го праша градоначалникот дали мисли дека е завршена кризата. Градоначалникот не даде конкретен одговор на прашањето, бидејќи кажа дека располага со информации кои ги добил од граѓаните и оние кои се на официјалната страна на МВР.