×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот на Куманово ги промовираше готовите проекти

    09.11.2010 16:01 | KumanovoNews

     По повод 11 Ноември, Денот на градот   и  491 година од Куманово како урбана средина, градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска во седиштето на СДСМ во Скопје ги претстави проектите кои се реализирани во текот на минатата година.

    Градоначалникот на Куманово ги промовираше готовите проекти

    Го презентирам првиот проект воопшто во Република Македонија, проектот за гасификација, односно дистрибуција на гас и гасна инфраструктура во локалните самоуправи. Сметам дека овој проект е епохален и револуционален во однос на енергетиката во Македонија. Општина Куманово пред 4 години  започна со изградбата на гасната инфраструктура. Досега се изработени  околу 10 километри челична и  полиетиленска секундарна мрежа. Се направија регулаторни гасни мерни станици, шахти, разводи и се стекнаа услови за добивање лиценца за дистрибуција на гас на јавното претпријатие Куманово-гас, кое е во сопственост на Општина Куманово. По повод 11-ти Ноември ќе го пуштиме во употреба првиот корисник на гас, а тоа е Домот за стари лица „Зафир Сајто”- истакна градоначалникот Дамјановски.

    Тој потети дека мината година се изработени и преоктите за доизградбата на булеварот”Октомвриска Револуција”, булеварот” Трета Македонска ударна бригада”, реконструкција и изградба на нова клучка на влезот во Куманово, проектот за изградбата на улицата Поток Серава, новата спортска сала во големина од 1500м2, и набавка на нови возила за јавното претпријатие „Чистота и Зеленило„.