×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот одговараше на советнички прашања

    17.03.2011 15:28 | KumanovoNews

      До градоначалникот Зоран Дамјановски и до локалната администрацијата на денешната седница, советнички прашања упатија вкупно 20 советници, кои во речиси 99 проценти се однесуваат на проблеми на граѓаните во областа на комуналната изградба и уредување, а во прв ред на улиците и патиштата.

    Градоначалникот одговараше на советнички прашања

    За одбележување е што во случајов од поставените прашања и дадените одговори од седницата задоволни излегоа и советниците и градоначалникот, односно неговата администрација. Втората карактерситика би била дека има поволни  услови, клима и расположение проблемите на граѓаните на кои инсистираа да се советниците да се решаваат во релативно краток временски период, а само мал дел од проблемите или не се во надлежност на локалната самоуправа или бараат во моментов преамбициозни суми на финансиски средства сои кои Општината, без поткрепа од централната власт или меѓународната заедница, неможе да ги обезбеди во догледен период. Од таков карактер, на пример, се проблемите на локалните патишта, или ситуациите на менаџирањето на селските водоводи кои пливаат во огромни долгови. Според одговорите  на градоначалникот Дамјановски во таа насока, Клечовце и натаму ќе „кубури„ со патот, Градската депонија ќе чека некои други добри времиња, а седумте селски водоводи  нема да функционираат квалитетно, додека корисниците не си ги платат сметките за потрошената вода. Од идната недела ќе профункционира соодветно Веб страницата на Општината Куманово која до сега беше „замрзната„  од објективни причини, одговори секретарот на Општината Оливер Спасовски. Инаку, на седницата присуствуваа и претставници на неколку месни заедници од градот. Во двата часа седничење советнички прашања меѓудругите, поставија советниците:  Бранко Арсовски, Стефан Трајановски, Слаѓана Георгиевска, Зија Саити, Бранко Цветков, Бранкица Гогиќ, Зоран Колеввски и други. Во пауза на седницата известувачот за Kumanovonews се пожали на условите за следење на седницата од страна на новинарите, односно немање на адекватен простор и преведувачка техника, на што претседавачот Виктор Цветковски јавно вети дека проблемот ќе биде надминат во најскоро време.

    Инаку, седници за советнички прашања, според Деловникот, се закажуваат на секои тримесеца.