×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот се сретна со новиот кумановски владика

    24.09.2013 11:54 | KumanovoNews

     Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, денеска во седиштето на новата Кумановско-осоговска епархија, во неговата резиденција сместена во дворот на црквата “Свети Никола“, го посети новиот митрополит Јосиф Лешочки.

    Градоначалникот се сретна со новиот кумановски владика

     Градоначалникот, честитајќи го назначувањето на новата функција, на владиката му посака успешена работа и најави подршка од локалната самоуправа.

    По повеќе од 70 години дочекавме да започне со работа кумановско-осоговската епархија со седиште во Куманово. Јас се надевам дека нашата соработка ќе биде на обострано задоволство и не само што ќе го шириме христијанството, туку и ќе градиме духовни светилишта за нашите граѓани. Ќе продолжиме да го негуваме православието и да ги почитуваме различностите бидејќи живееме во една специфична општина, мулти-религиозна и мулти-етничка.- изјави Дамјановски.

    Владика се заблагодари на подршката. Јосиф Лешочки беше избран за надлежен митрополит на кумановско-осоговската епархија мината недела на на седница на МПЦ. Претходно беше епископ на митрополит Кирил и состојбите во кумановската епархија ми се добро познати.

    Се надевам дека ќе имаме добра соработка со градоначалникот кој денеска дојде првпат официјално да ми честита за изборот, а и со сите граѓани православни во општините. Првпат во историјата Куманово е седиште на епархија и да добие своја митрополија. Тоа ќе придонесе многу за православните христијани, кои ќе имаат за своите проблеми со кого да разговараат и на кого да му ги кажат. - рече владиката Јосиф Лешочки.

    Владиката доаѓа од манастирот “Калишта“ во Струга.