×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот учествуваше на Конференција во Париз

    21.02.2011 15:17 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како потпредседател на ЗЕЛС, присуствуваше на конференција во Париз што ја организираше Француската асоцијација на градови и региони за Организацијатата на локални самоуправи на Југоисточна Европа.

    Градоначалникот учествуваше на Конференција во Париз

     Состанокот се одржал во Сенатот на Република Франција.

    На Конференцијата се расправаше како француската држава да им помогне на земјите од Балканот што побрзо да се интегрираат во ЕУ. Државната политика е примарна за развојот, меѓутоа интеграцијата почнува на локално и регионално ниво. Французите сугерираат здружување и регионално поврзување во поедини области, кое ќе биде предуслов за понатамошната интеграција, исто како и апликациите на заеднички преокти пред европските фондови. Билатералните спорови на државите не се клучна пречака за нивно интегрирање во ЕУ, многу повеќе тоа зависи од степенот на демократијата и економскиот развој на земјата - вели градоначалникот Дамјановски.

    Заедничка констатација на сите учесници на Конференцијата било дека Балканот е дел од Европа и што поскоро треба да стане конститутивен дел на европската заедница.