×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Грда слика во центарот на градот

    24.02.2011 15:11 | KumanovoNews

      Куманово сака да го понесе епитетот „европски град„ и има некои белези на таков имиџ, но има и многу грди слики што не бараат којзнае колку пари и напори за да се надминат.

    Грда слика во центарот на градот

    На фотографијава сигурно го препознавате „чирот„ во потесното гратско подрачје на улицата „Доне Божинов„ пред Домот на пензионерите, односно излезот од бензинската станица на „Макпетрол„. Треба ли да кажуваме дека во калиштата и барите на ова парче од идниот продолжеток на булеварот „Октомвриска револуција„ секојдневно цапаат пешаци и возила и упатуваат критики за сметка на надлежните органи и поединци. Ја насликавме состојбата и побаравме коментар од градоначалникот Зоран Дамјановски.

     „Имаме готов проект за овој дел на идниот продолжеток на булеварот „Октомвриска„ што треба да оди до приклучокот на Автопатот кај ново Куманово. Пред две-три години започнавме со реализација на овој инаку голем проект, меѓутоа наидовме на засега непремостлива пречка. Не можеме да постигнеме експропријациска  спогодба со една сопственичка на локација од околу 2000 метри со еден станбен објект во близина на расадсникот на ЈП ,,Чистота и зеленило‘‘. Сопственичката уценува со сума и други услови што неможеме да ги прифатиме. Инаку, на дел од улицата  од бензинската станица до управната зграда на ЕВН е поставена атмосферската канализација и на тој дел би можело да се постават ивичници и да се изврши тампонирење на коловозот. Сепак, мислам дека тампонирањето без асфалтирање нема да вреди зашто бргу ќе ја имаме состојбата што досега ја имавме. Во секој случај нешто ќе мораме да преземаме„ - вели во изајавата за Kumanovonews градоначалникот Дамјановски.

    Што поскоро - тоа подобро, молат минувачите - корисници ова парче од градот.