×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ГРОМ се промовираше во Куманово

    13.06.2013 08:59 | KumanovoNews

    Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), синоќа ја претстави својата програма пред кумановци.

    ГРОМ се промовираше во Куманово

     На промоцијата зборуваше претседателот на инцијативниот одбор Стевчо Јакимовски, кој истакна дека ГРОМ ќе биде  партија на центарот во која ќе има место за сите граѓани, независно од националната и верската припадност. При тоа истакна дека партијата ќе се залага за правна држава и безбедност на граѓаните, за политичка култура и толеранција без поделби, подршка на малото и средно стопанство и земјоделството, изградба на инфраструктурата, подобро јавно здравство, екологија, развој на енергетските капацитети, намалување на нестопанските инвестиции, решавањето на името и создавање на политичка стабилност на државата.   

    Ние ќе понудиме еден нов граѓански концепт.Бидејќи владејачката партија не ги исполни очекувањата на граѓаните, но во исто време и главната опозициона партија не е алтернативата што граѓаните ја бараат. Јасно е дека има потреба од нова политичка опција и нашата цел е да ја зголемиме понудата на политичката сцена. Имаме подршка од многу граѓани кои не се политички определени. Многу често ме прашуваат дали сме со ВМРО-ДПМНЕ и дали сме против СДСМ. Нашиот одговор е дека ние не се формираме за да некого држиме на власт, ниту пак некого да донесеме на власт. Нашата цел е ние да бидеме дел од власта и да продуцираме сопствена политика. Затоа го одбравме патот на центарот, бидејќи ќе се занимаваме со реалноста. Нема да ги ставаме работите под тепих и да ги оставаме на наредните генерации. Нема да бидеме против никого туку ќе одиме со своето. -нагласи Јакимовски.

    На промоцијата се обрати и Виктор Цветковски, кој истакна дека интересот за нивната иницијатива е голем не само во Куманово, туку и во останатите градови.

     Со ГРОМ ќе ја продолжиме политичката битка што ја започнавме на локалните избори. На граѓаните ќе им понудиме нешто ново, нешто различно и нов избор во кој приоритет ќе биде граѓанинот, а не партијата и лидерот. Сметаме дака само со позитивна политика со чисти позиции, со решенија на проблемите и мултиетничкиот концепт, силен кадровски потенцијал, со чесноста и искреност, можеме да дадеме нов избор на граѓаните. Нова понуда што недостасува во Македонија.- рече Цветковски.

    На новинарско прашање, по што ќе се разликува ГРОМ од СДСМ, со оглед на тоа што Јакимовски и Цветковски, скоро излегоа од оваа партија, Јакимовки одговори:

    Што се однесува до нашите разлики со СДСМ, е тоа што ГРОМ ќе се залага за толеранција за политички дијалог. Сакаме да го подигнеме нивото на политичка култура, сакаме да ги намалиме конфронтациите меѓу политичките субјекти. Сметаме дека низ едни конструктивни разговори ќе има многу повеќе бенифит за граѓаните, отколку со конфронтациите и кавгите, секој закопан во своите ровови.