×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Груевски од кумановци побара поддршка за двојна победа

    24.04.2014 07:31 | KumanovoNews

    Премиерот Никола Груевски на синоќешниот митинг во Куманово побара од граѓаните поддршка за двоја победа во недела.

    Груевски од кумановци побара поддршка за двојна победа

    За да непречено се реализираат проектите од програмата “Проверено“ тој очекува освојување на најмалку 62 пратенички места и убедлива победа на Ѓорѓе Иванов на претседателските избори.

    Нашите проекти предвидуваат реконструкција на патот Куманово - Романовце, изградба на спортски сали, тениски игралишта во Куманово и едно повеќенаменско игралиште во село Пчиња. На пругата кон Бугарија, ќе има три железнички станици во Куманово, Шупли Камен и Бељаковце, а стојалишта ќе се изградат во Лопате, Перо Чичо, Доброшане, Проевце, Клечовце и Довезенце. Реконструкција на пругата од Бељаковце до Крива Паланка со градење или доградување на 33 постојни мостови, изградба на 11 нови мостови - изјави Груевски.

    На кумановчани им се обрати и носителот на листата во втората изборна единица Гордана Јанкуловска.

    За Куманово нудиме изградба центри за палијативна грижа на стари лица што во моментов постојат единствено во Скопје и Битола, ќе ги унапредиме условите за реализација на културните активности, ќе извршиме реконструкција на далноводот со што ќе се зголеми стабилноста на електроенергетскиот систем, во делот на термоминералните води и рекреативниот туризам планираме да дадеме под концесија некои од постоечките локации меѓу кои една е во Куманово и ќе предвидиме изградба на модерен туристички комплекс-рече Јанкуловска.

    Кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов истакна дека наша цел е Македонија да биде економски силна и развиена држава, поволна дестинација за странски инвестиции како и добар сосед и членка на ЕУ и НАТО.