×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Груевски: СДСМ ќе ги загуби изборите

    18.04.2011 14:57 | KumanovoNews

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски,  смета дека СДСМ  ќе претрпи пораз на престојните избори, а нејзиниот претседател Бранко Црвенковски тажно ќе ја заврши политичката кариера.

    Груевски: СДСМ ќе ги загуби изборите

     СДСМ е партија која што сосема очигледно ќе ги загуби овие избори, и очекувам дека ти ќе одат со неразумни ветувања во нивните програми и во настапите. Ќе ветуваат она што реално е невозможно да се исполни.Ние сме свесни дека ќе ги добиеме овие избори, бидејќи имаме разумни ветувања. Бранко Црвенковски и партијата знаат дека не се во ситуација да го исполнат тоа, но тоа го прават со цел да привлечат некој глас повеќе, но сепак не можат да избегаат од поразот. Како што се зборува Црвенковски е во фаза на барање на марионета, која би требало да ја преземе одговорноста  на СДСМ за овие избори. Тој ја води СДСМ во минатите 20 години и ја водеше во сенка, дури и кога беше претседател на државата, односно кога ја узурпира таа функција и пет години се задржа на неа. Кого и да избере, треба да знае дека ова ќе биде негов пораз, и тажен крај за најекспонираната личност во македонската транзиција- рече премиерот Груевки, одговарајќи на новинарско прашање што очекува СДСМ да понуди на овие избори, и како го коментира молкот на Црвенковски.