Мени

Хартиени ружички од волонтерите

09.03.2012 10:20 | KumanovoNews

 Волонтерите на Црвен крст вчера делеа ружички и осмомартовски картички на припадничките од понежниот пол, по повод празникот на жената.

Хартиени ружички од волонтерите

Изработивме специјални ружички од харитени салфетки и отпечативме картички на кои има мисли- мудрости за жената. Со оваа акција сакаме секоја жена да се чувствува колку може поубаво и да ја израдуваме на овој ден- вели Моника Николовска, волонтер во Црвениот Крст.

Активноста на волонтерите со задоволство беше прифатено од дамите, кои се радуваа на убавиот гест и оргиналниот подарок.