Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште „Христијан Карпош“ доби мултимедијална училница за одржување на часови по англиски јазик, која е опремена со помош на Мировен корпус.
Училницата располага со техничка опрема, нагледни средства, а ќе добие и мини библиотека со литература на англиски јазик, прилагодена на возраст на учениците.
Имаме лап топ, лцд, двд плеери, табла, игри, односно техничка опрема за активна, интегрирана настава за унапредување на англискиот јазик. Ќе почнеме да ја употребуваме оваа училница од септември. Децата не само што ќе одржуваат часови, туку ќе можат да прават и проекти - вели Милица Тимчевска, професор по англиски јазик.
Тимчевска смета дека современите услови ќе ги мотивираат децата повеќе да учат и да го совладаат англискиот јазик.