Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
К.И.(22) од липковското село Лојане присилувала девојка од Косова да дава услуги на гости во угостителски објект во Тетово, откако предходно ја терала да се дрогира и опива.
Лојанката во август годинава и овозможила на Б.М.(23) без патна исправа илегално да влезе во Македонија заедно со уште четири лица од Албанија. Откако ја прифатила девојката и ја сместила во стан во Тетово и ветила дека ќе работи како балерина и пејачка во угостителски објект.
Но брзо потоа почнала да ја присилува да консумира дрога и алкохол заканувајќи се дека ќе ја убие ако не остварува контакти со присутните гости во објектот. Б.М. искористила момент на невнимание на газдарицата и успеала телефонски да го пријави случајот во СВР Тетово.
К.И.заработи пријава за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.