Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бирото за развој на образование и Државниот просветен инспекторат излегоа со заклучок дека часовите во основните и средните училишта се со класични предавања без интеракција.
Се планира идните наставници додека студираат да имаат повеќе пракса, а наставниците кои нема да ги применуваат новите методи парично ќе бидат казнети.
Од основните училишта во Куманово велат дека просветните работници употребуваат нагледни средства, редовно посетуваат семинари и знаат како да ги применат новите техники.
Во моето училиште интеракција има. Стратегијата од посетените семинари ја употребуваат наставниците. Тие посетиле и обуки за личен и професионален развој. Креативни се доста. Има интеракција на релација наставник - ученик и ученик - ученик. Порано се сметаше дека постарите наставници се крути, но тоа не е така . Имаме ние млад кадар, тие се флексибилни, иновативни. Сум била на две посети на час. Еднаш најавено , еднаш ненајавено. Големи отстапки од една до друга посета нема - вели Мерилин Стојчевска, директор на ОУ“11 Октомври“.
Преку интеракција учениците учествуваат во креирање на часот и полесно ја совладуваат наставната материја.