Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поделеноста на жените во ВМРО-ДПМНЕ, која вешто се крие подолг период, деновиве излезе на виделина. Саботната трибина што ја организираше Унијата на жени ги потврди инфомациите за превирањата меѓу вмровките, бидејќи наместо вообичаената огромна посетеност, беа присутни само дваесетина жени.
За слабиот одзив на трибината побаравме одговор од преседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Маја Стојадиновска која ни рече дека таа била на боледување и дека целата организација ја водела нејзината заменичка Оливера Стефановска.
Незнам колкава била посетеноста и на што се должи тоа, јас бев отсутна. А не би сакала да зборувам ни за случувањата во партијата - кусо изјави Стојадиновска.
Дарка Петрушевска една од двете пратенички која што беше прсутна на трибината ги отфрла информациите за разединетост помеѓу кумановските вмровки.
Незнам за каков раскол зборувате. Во партијата постои единство на жените. Неможе врз основа на посетеност на трибина да се извлекуваат заклучоци, бидејќи трибината не е организирана само за партиски членови туку за широка публика. Бројот на посетителите зависи од темата, можеби овој пат таа не им била интересна на кумановчани – објаснува Петрушевска.
Според нашите информации сопартијките се поделиле во две струи со изборот на Маја Стојадиновска за претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДМПНЕ. Стојадиновска била прифатена од мал дел на членови, додека, другите ја сметале за претседател наметнат од централата во Скопје, и поради тоа ја игнорираат нејзината работа.