×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Имотот на „Житомел„ се разнесува?

    09.02.2011 17:18 | KumanovoNews

    Поранешните вработени-акционери во „Житомел„ Куманово бараат од државата да го заштити имотот на претпријатието, кое повеќе од еден месец е напуштено, а некои луѓе почнале да ја изнесуваат опремата.

    Имотот на „Житомел„ се разнесува?

    Откако беше осуден Бајруш Сејдиу и Судот наложи да се поништи приватизацијата, сиот движен и недвижен имот на најголемата фабрика за производство на леб во градот го обезбедуваат неколку стражари, кои самите се организирале.

    Имаме сознанија дека непознати лица изнесувале машини и дел опремата, што значи дека ако имотот остане незаштитен тоа ќе продолжи. Поради тоа побаравме полициска заштита на објектот, но од таму ни рекоа дека тие можат да постапуваат само по наредба на Судот, каде што се води целата постапка. Фабриката не работи близу еден месец и сите вработени се дома. Останаа неколку стражари кое не знаат како да се однесуваат, бидејќи нема раководство и тие доброволно остануваат да го сочуваат имотот. Но, не се чувствуваат небезбедно и затоа бараме да се назначи некој кој ќе ги организира, а воедно ќе води ред за имотот- вели Бранко Крстевски, претседател на Синдикатаот во „Житомел„.

    Од Житомел без работа останаа околу 200 работници од 2003 година наваму,  откако фабриката започна да се трансформира, а потоа отишла во стечај и на крај се продала. Акциите што вработените ги поседувале биле обезвреднети, а имаат побарувања и по основ на неплатени придонеси и плати. Затоа тие бараат државата да им го врати претпријатието, и да се организира работата во интерес на сите. Житомелци бараат правна помош и поука и од Регионалниот синдикат во Куманово за остварување на своите права, а за утре најавија протест пред Фабриката.