Исчезна 14-годишно девојче со здравствени проблеми
22.03.2023 14:02
| Оливера Пешевска
Четиринаесет годишно девојче од Куманово е пријавено за исчезнато. Случајот во СВР Куманово синоќа го пријавиле нејзините родители.

„Во 22.10 часот во СВР Куманово, Д.А.(37) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.А.(14), која имала здравствени проблеми, а која и претходно се оддалечувала од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, објави Кумановската полиција.