×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Истекува рокот за поднесување на Годишни даночни пријави

    09.03.2011 13:35 | KumanovoNews

    Бидејќи остануваат уште неколку дена за поднесување на Годишната даночнапријава, а треба да бидат поднесени над 100 илјади даночни пријави, од УЈП апелираат граѓаните да не го чекаат последниот рок - 15 март.

    Истекува рокот за поднесување на Годишни даночни пријави

     Годишна даночна пријава задолжително треба да поднесе граѓанинот кој во 2010 година: издавал под кирија: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот;склучил авторски договор, односно остварил приход од авторски права и права од индустриска сопственост; му била исплатена дивиденда или камати по основ на заем кој го дал на физичко или правно лице; остварил капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза, учество на капитал и недвижен имот; остварил добивка од игри на среќа, од спортско обложување, од лото, од ТВ наградни игри; има лични примања од странство; работно е ангажиран во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно има лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварува лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет; и остварил и "други приходи".

    Граѓанинот не е должен да поднесе Годишна даночна пријава, доколку во текот на годината има остварено само приход од плата, од пензија, од земјоделска дејност или од самостојна дејност.

    Образецот за годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземе од веб страницата на УЈП www.ujp.gov.mk или на шалтерите на УЈП.