Избран нов претседател на младите на СДСМ
22.02.2011 12:42
| KumanovoNews
Младен Давидовиќ, професор по физичко во Економското училиште „Перо Наков„ е новиот претседател на Локалниот клуб на млади социјалдемократи.

Давидовиќ доаѓа на местото на Владимир Павловски, советник во Советот на Општината Куманово. Новиот претседател како единствен кандидат, синоќа бил избран со акламација од присутните делегати. Од партијата најавуваат прес конференција за утре кога ќе го промовираат претседателот и новото раководство.