×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгласана програмата за работа на библиотеката

    24.01.2014 11:00 | KumanovoNews

    Советниците на вчерашната седница на Советот на Општина, едногласно ја изгласаа програмата за работата на Градската библиотека “Тане Георгиевски“ за 2014 година.

    Изгласана програмата за работа на библиотеката

    Вкупниот буџет на установата изнесува 7.200.000 денари, а 500.000 денари ќе бидат потрошени за набавка на нови книги.

    Тоа се лектири, белетристика, стручна литература и се она што е потреба на нашите корисници на библиотечните фондови. Доста внимание се посветува на автоматизацијата на библиотечните процеси кои започнаа од 2003 година и мислам дека доста успешно се одвиваат. Се настојува целосно да се комплетира базата на податоци, да се усовршува програмата преку која работат сите библиотеки и сме поврзани во единствен библиотечен систем. Доста внимание се посветува на бројот на читателите, на бројот на корисниците и начините, можностите да привлечеме што поголем број од популацијата во Куманово - изјави Нада Ивановска, директор на “Тане Георгиевски“.

    И годинава ќе има различни манифестации, активности,  промоции на книги, трибини, “Час со писател“ и слично.

    Како што се зголемува бројот на книги така се јавува потребата за проширување на библиотеката.

     Во 2005 година просторот малку го ублаживме со дислокација на просторот за деца во простории на Центрот за култура и таму одделот за деца е сосема пригоден простор. Меѓутоа, библиотеката сеуште има проблеми со просторот, бидејќи е институција која постојано расте како што се зголемува библиотечниот фонд. Веќе почнуваме со разговори да се размислува на тема проширување - додава директорката.

    Библиотеката “Тане Георгиевски“ располага со околу 190.000 библиотечни единици.