Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во голем пожар, ноќеска изгоре куќа во населбата Средорек.
Пожарот избувнал околу 3 часот по полноќ во една од просториите и потоа се проширил на целата куќа. Брзата интервенција на противпожарната единица Куманово не дозволила огнената стихија да ги зафати и останатите куќи од соседството, кои се збиени една до друга. Огнот бил целосно локализиран во 8 часот наутро. Повредени во пожарот нема, а предизвикана е голема матерјална штета. Истрагата ќе утврди кои се причините за избувнување на пожарот.
(фото архива Кумановоњус)